Правото не е финта и тука не можеме ние да ги користиме зборовите изигра, не изигра и така натаму. Со финти ние не можеме денеска да водиме политика. Тоа што го направи притвореничката, а понатаму она што го направи државниот јавен обвинител не содејствува на достојна примена на правото и законите во државата, истакна лиерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за МТВ 2 коментирајќи го префрлувањето на предметите ор СЈО во ЈО.

Тој додаде дека во дописот од страна на државниот јавен обвинител кој што е резултат на притвореничката Катица Јанева признава дека СЈО преставува пара институција и дека во него се работи за уставната максима каде што треба да има едно државно јавно обвинителство и вертикална субординација, нешто што тој на многу прес конференции до сега го зборуваше.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.