Душевна болка, анксиозност, страв, лутина, загриженост се дел од симптомите, кои многу психолози ќе се сложат дека се за третман кај обичните луѓе, истите лоцираат пристрасност и необјективност кога ги чувствува обвинител кој треба да испорача правда и кој води стотици предмети поврзани со оргнизаран криминал и корупција.

Пред два дена почна процесот во скопскиот граѓански суд или судењето по тужбата за клевета која ја поднесе jавната обвинителка за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, против партијата ВМРО-ДПМНЕ за два видео спотови во кои се појавуваше ликот на обвинителката.

Русковска на рочиштето доставила вештачење од невропсихијатар во кој се вели дека дека спотовите на ВМРО-ДПМНЕ и предизвикувале анксиозност, загриженост, манифестирано со лутина кон тужените.

ГУБЕЊЕ КОНТРОЛА

Доктор Ненси Де Ангелис од америкаснкиот Центар за здравствени услуги Абингтон Џеферсон вели дека „за лице со анксиозно однесување, анксиозноста не исчезнува и може да се влоши со текот на времето“. Докторката разликува неколку видови анксиозни нарушувања, кои можат да имаат различни форми како: анксиозно растројство кое се карактеризира со постојана грижа или страв, паничко нарушување обележано со отежнато дишење, чувство на страв и забрзано чукање на срцето и останато.

Честите симптоми на анксиозност не само психолошки, вклучуваат и физички симптоми или предизвикуваат чувства дека лицето губи контрола од некоја ситуација.
Медицинското училиште на реномираниот универзитет „Харвард“, во свои публикации вели дека анксиозноста како дијагноза предизвикана со симптоми на страв, панични напади, стрес е многу честа дијагноза, па лицата кои ги поседуваат овие симптоми треба да го надминат стравот и нервозата кои ги чувствуваат кои доколку не се третираат можат да имат тенденција на зголемување со текот на годините.

За анксиозноста речиси сите психолози се согласуваат дека тоа е болест на модерното време, која е широко распространета и во Македонија, затоа што се поголем е бројот на лица кои се лекуваат од истата.

Ако го земеме во предвид сето она што е дел од невропсихијатриското вештачење на обвинителката Вилма Русковска, која во јавноста беше активна и во дебати, може да се заклучи дека таквото однесување како и на многу јавни и познати личности вообичаено стануваат предмет на јавни критики од пошироката јавност. Не се случило до сега ваков пример на јавна личност која е обвинителка да тужи политичка партија за саркастични видео пораки кои се упатени пред се до институцијата која што таа ја застапува.

Веројатно ако Русковска дознае што се пишуваа граѓаните на социјалните мрежи за водењето на правдата од нејзина страна изминативе години, би ги тужела ли сите за критиките кои и ги упатуваат?

АНКСИОЗНИ ОБВИНИТЕЛСКИ ОДЛУКИ?!

Имено, Русковска сама сега си направи проблем со прикажувањето на сипмтомите кои ги поседувала, затоа што ја доведуваат во прашање нејзината способност да одлучува по предметите и обвиненијата кои ги води.

Членот 5 од Законот за јавното обвинителство вели дека „Јавниот обвинител функцијата ја врши законито, непристрасно и објективно, ги почитува и заштитува слободите и правата на човекот и граѓанинот и правата на другите правни субјекти и во рамките на своите надлежности, во име на општеството се грижи за ефикасност на кривичноправниот систем“.

Воедно начелата за непристрасност и објективност значат дека јавните обвинители во својата работа одлучуваат надвор од влијанијата на јавноста, без предрасуди, без дискриминација или било која друга определба.

Со признанието дека спотовите во кои саркастичната порака и предизвикале лутина на обвинителката е доведена во прашање и нејзината непристрасност и независност, особено со ситуација кога таа води постапки против тужената страна.
Јавните обвинители се должни во јавноста да придонесуваат за афирмација на стручноста, чесноста, самостојноста и непристрасноста на својата функција. По овие начела јавните обвинители се должни да се изземат од постапување во предмети за кои постојат причини кои би ја довеле под сомнение нивната непристрасност. Јасно е дека непристрасноста на Русковска сега е присутна со создавањето на чувството на лутина и душевна болка кои таа ги чувствува спрема ВМРО-ДПМНЕ.

На големиот обем на работа која ја има Русковска како обвинител за организиран криминал, наместо да спроведува правда во стотиците предмети кои ги има, обвинителката претпочита да се занимава со тужби кои само ја откриваат очигледно психолошката состојба во која таа се наоѓа.

Да се потсетиме дека и поранешната обвинителка на СЈО Катица Јанева, во пресрет на поднесувањето на обвинението од страна на Вилма Русковска, беше хоспитализирана на преглед во приватна клиника заради чувство на општа анксиозност и висок притисок. Јанева не можеше секако тогаш да ја „тужи“ својата колешка Русковска за нанесување на „душевна болка“ затоа што беше обвинета во случајот „Рекет“.

Причини за загриженост и поставување на прашања по невропсихијатриското вештање на Русковска има многу, првенствено дали таа е способна да ја извршува работната должност со таква како што вели „душевна болка“. Дали Русковска сега ќе чувствува неков вид на освета, во ситуација кога треба да испорача правда? Дали обвинителката има поматена објективност и пристрасност која ја доведува во прашање нејзината работа и на други предмети? И можеби најважно дали обвинителката воопшто презела соодветен третман за да ја надмине воспоставената дијагноза на анксиозност, пропратена со симптомите ?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.