Поранешниот генерален секретар Драги Рашковски бил пуштен од затворот „Скопје“ во Шутка во куќен притвор, откако помош за неговиот случај била
понудена од Бугарија, беше откриено на последното рочиште против него. За да му се помогне на Рашковски да оди дома, разговарал Игор Христов, осомничен во случајот „Софтвери“ за кој се гони и ексгенералниот секретар.

Обвинителката Ивана Трајчева презентираше пораки разменети 16 дена откако Кривичниот совет реши дека Рашковски може да влијае на сведоци, па затоа го смести во ефективен притвор. Во нив соговорникот на Христов од Бугарија најпрво прашува кој го води случајот, нуди помош и разговори на разни нивоа.

Следниот пат, кога тие разменуваат нови пораки, Рашковски веќе добива решение од Апелација и судијката Тања Милева, за да оди повторно во куќен притвор наместо да биде во затворот во Шутка. Во оваа комуникација се вели: „Премиерот помага, ќе биде добро“.

Името на соговорникот е непознато, а во телефонот од кои е извлечена комуникацијата е запишан како „БМВ МПакет Бугарија“.

Целата преписка објавена на рочиштето е објавена на А1он



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.