Обвинителот на СЈО Бурим Рустеми на денешното рочиште на случајот „ТНТ“ побарал една од обвинитетите да биде стражарно приведена иако пред судот приложила уредна документација за боледување поради хируршки зафат. Нејасно е зошто на Рустеми толку му се брза да го оконча предметот „ТНТ“ на СЈО, кога тој е далеку од застарување, како што се обидуваат да прикажат некои медиуми наклоенти кон власта. Оваа лажна вест се пласира единствено за да се изврши дополнителен притисок врз судот.

Овој предмет застарува во 2031 година, односно за 12 години од сега, па нејасно е зошто судечкиот судија Огнен Ставрев го брза токму овој предмет, за разлика од, на пример „Монструм“ за убиството на момчињата кај Смилковското Езеро.

Во декември се закажани три рочишта за „ТНТ“, на 2, 18 и 24 декември, а за „Монструм“ само едно. Во ноември, пак, за „ТНТ“ се одржаа 6 рочишта, а за „Монструм“ само 2.

Од оваа перспектива, причината е јасна. Фијат Цаноски побарува отштета од 50 милиони евра и таа во моментов е поважна од вистината за убиството на децата на Велики петок.

Дали душевната блка на Цаноски, кој за неа бара 6 милиони евра, е поскапа ос вистината за убиството на децата кај Смилковското Езеро?

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.