Мизерно, значи помизерно нема од тоа да го поткупуваш ти човек инвалид со пакет храна. Тоа не им го опростувам. Ќе идам и на суд, додека можам да се борам. Вака Марина Златановска ја започнува својата приказна за „Алфа“ за притисоците кои таа и нејзиното семејство ги трпат секои избори од општинската организација на СДСМ од Брвеница.

Решила да прогори јавно за тортурата која веќе не може да ја издржи, а најмногу ја боли што бараат гласови на маката на нејзиниот тешко болен татко, кој го притискаат да гласа, а не е способен.

Никогаш не прашале како живееме и се бориме со неговата болест, а за избори се први да агитираат, се жали Златановска, која тврди дека чесно си го заработуваат лебот, не биле партиски вработени, ниту партиски определени како семејство.

Подготвена е и кривично да гони дел од раководството на СДСМ во Брвеница, за притисоците, но и честите вербални напади кон нејзиното семејство. Притисоци трпат и бројни други семејства, тврди Марина, но, немаат храброст јавно да проговорат.

Koja ќерка, која мајка, сопруга, би дозволила во сред пандемија јас дома да донесам 5-6 луѓе, да гласа човек на кој му е одземен говорот и движењето на десната рака, да го малтерирам да заокружува, а не знам дали знае што се случува…Сакам да разберат дека не можат да чепкаат човек кој се бори за живот секој ден,и било кој да е истото би го направил, зошто многу боли…Да користиш ти кампања на човек инвалид, тоа можат само тие, изјави Златановска.

Во телефонски разговор со „Алфа“, претседателот на општинската организација ги негираше обвинувањата, со одговор дека тоа не биле притисоци, туку понудена помош, да им се олесни начинот за гласање на болно лице.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.