Владата на аболицираниот Зоран Заев свика вонредна владина седница, на која се расправаше за измислена тема носење на автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување донесен 1993 година. Седум дена владата ја замајува јавноста со измислена тема, која имаше цел да ги прикрие нејзините неуспеси, образложи уште на почетокот пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски зошто свикал вонредна прес-конференција.

За апсурдот да биде поголем, оваа правна неписменост на владата на аболицираниот Зоран Заев заврши со Комисија за законодавно-правни прашања, во која мнозинство има владејачката коализиција на СДСМ и ДУИ, кои донесоа заклучок дека нема потреба од автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување, бидејќи таков член воопшто не постоел. Една недела Министерството за правда тврди дека мора да има автентично толкување, една недела портпаролот на аболицираниот Зоран Заев држи прес-конференции и ја повикува опозицијата да гласа за автентично толкување, за на крајот Законодавно-правната комисија да одлуи дека нема потреба од автентично толкување н ачлен кој не постои, рече Милошоски.

Ваквиот исход, смета Милошоски, е резултат на тоа што владејачката коалиција во последен момент станала свесна дека опозицијата нема да се однесува на начин на којшто ќе им овозможи да прават изговори и затоа што сфатиле дека доколку Комисијата и Собранието донесат автентично толкување и мислење дека членот 11 не постои, тој автоматски ќе мора да се избрише од Законот за помилување од 93 година наваму.

Тоа значи дека единствениот политичар корисник на членот 11 од Законот за помилување, премиерот Заев, ќе немаше помилување и случајот „Глобал“, ќе мораше да се обнови. СДСМ влезе во стапица повикувајќи ја цела јавност за автентично толкување на членот 11 за на крајот да видат дека и министерката Дескоска и премиерот во заминување Заев се правно неписмени и да ги примораат нивните пратеници да не донесат заклучок и да не се изјаснат за членот 11 којшто не постои, а ја замараат јавноста со овој измислен член, рече тој.

Оттука, заклучи тој, Владата и парламентарното мнозинство очигледно е дека немаат добра координација. И со оваа влада не само граѓаните, туку целиот политички систем живее во една правна несигурност. Која што за жал е промовирана од Министерството за правда.

После ваквото фијаско и конфузија во правните состојби и закони сметаме дека СДСМ и аболицираниот премиер Заев е корисно да одговорат на прашањата кои што не им се омилени.

Зошто Зоран Заев не прифаќа иницијатива да се донесе закон во кој што аболицирани политичари нема да можат во иднина да се занимаваат со политика или со вршење на јавна дејност?

Зошто Зоран Заев избегнува да се измени законот за помилување каде што на било кој политичар ниту сега, ниту во иднина нема да може да му се даде помилување?

И зошто Зоран Заев не го прифаќа принципот на измени во Изборниот законик тој кој што ќе биде кандидат за мандатар на новата Влада, да не биде и кандидат за пратеник?

Затоа што, тој што ќе обеди ќе формира Влада, а оној кој што ќе изгуби нема да може да се крие зад пратеничкиот имунитет доколку носи било каква одговорност.

Сметаме дека на овие прашања Заев треба да одговори, му остануваат уште триесет дена. Помина многу време од ова неспособно владеење на владата на аболицираниот Зоран Заев, ќе поминат уште 30 дена и ќе си честитаме Нова година со „Збогум Заев и никогаш повеќе“, заврши Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.