Со амандман на пратеник од СДСМ парите за Специјалното јавно обвинителство (СЈО) се избришани од предлог-буџетот. Сите предвидени средства во септември во првиот текст на Буџетот, со усвоениот амндман заминуваат во касата на ДИК за подготовка на предвремените парламентарни избори во април в година.

На овој начин СЈО престанува да постои и пред да престане да постои, односно пред пратениците да изгласаат закон со кој се укинува институцијата. СЈО треба да биде укинато онака како што беше воспоставено – со двотретинско мнозинство.

Во моментов нема ниту Закон за јавно обвинителство служба со кој би се регулирале платите на вработените и плаќањето на комуналиите – струја, парно, вода, телефонските сметки, интернет. Преговорите на власта и опозицијата за овој закон запреа по недобивањето датум за почеток на преговори со ЕУ, но премиерот во заминување пред истекот на мандатот на 3 јануари се погласно зборува дека законот ќе биде донесен иако засега официјално согласност меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ нема. Со овој закон би требало точно да се утврди трансферот на материјалите, бомбите, доказите, предистрагите, истрагите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.