„Ставањето на етничките заедници исклучиво во политички контекст од нас прави проценти и бројки. Тоа ми пречи бидејќи нашето мултикултурно општество е непроценливо богатство кое не смее да се сведе на проста математика“, вели во своето видео обраќање генсекот на СДСМ, Љупчо Николовски.

„Затоа одлучив да ја почнам оваа иницијатива која има за цел да не зближи, но не преку политика туку преку она што било и ќе остане после нас, а тоа е уметноста. Јас во ова видео издвоив албанска староградска серенада која потекнува од градот Корча. Оваа песна е дел од колективниот идентитет на нашите сограѓани Албанци и слушајќи ја се чувствувам поблизок со нив.

Со цел понатамошно продолжување на иницијативата го повикувам мојот другар Едмонд Адеми да издвои автор или дело кое е дел од колективниот идентитет на некоја од заедниците кои живеат во нашата држава и да ја предаде оваа штафета на зближувањето на некој свој пријател.

Ги повикувам и сите граѓани да се приклучат и да споделуваат уметност која ќе не доближи до културата на нашите сограѓани со цел да изградиме вистинско единство и љубов кое наместо на проценти ќе лежи на трајни вредности“, вели во обраќањето Николовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.