После објавувањето на резултатите од пописот на населението, Алијанса за Албанците е во процес на разгледување на објавените резултати, и наскоро ке излезе со детална анализа на истите, рече на денешната прес-конференција пратеникот Халил Снопче.

Но на прв поглед ги изразуваме нашите резерви во веродостојноста на овој процес, особено во два сегмента. Над 132,000 граѓани се импутирани и не попишани на терен, додека ние сметаме дека бројот од околу 260,000 грѓани кои што живета надвор не соодвествува со реалноста и со публикуваните податоци до сега од страна на меѓународните организации. Овие две точки ствараат големи дилеми околу тоа како е извршен попиот на овие граѓани, дали се опфатени сите граѓани или пак е извршена некоја селекција, рече Снопче.

Додаде дека не може да се вреднува како веродостоен еден попис каде што околу 8.5% од вкупното население, и на резидентното население, не им се знае националната припадност.

Неверодостоен е и бројот од околу 12% на граѓани во дисапората. Ова поради тоа што многу меѓунардни инстанци, како што е светската банка и еуростат непрекинато се имаат изјаснето дека најмалку околу 30% од граѓаните на Македонија се ја имаат напуштено земјата во последните децении. Плус уште една работа што сакаме да ја изнесеме при овој случај е дека постои една контрадикција меѓу изјавите на претседателот на заводот за статистика, г. Симовски после завршувањето на пописот со соопштените резултати. Имено веднаш после завршувањето на пописот тој изјави дека вкупниот број на попишани граѓани резидентни и нерезидентни во државата е 2.037.000. Додека според објавените резултати таа бројка е 2.098.000. Ако пописот е завршен на 30 септември, се поставува прашањето од каде произлегоа 60.000 граѓани повеке што се запишани после крајниот рок кој што беше 30 септември, рече Снопче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.