Сè она што го слушнавме за Заев и неговата поврзаност со „Рекет“ со новиот закон за ЈО нема да може да се користи како доказ, потенцираше генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

Сите разговори кои што излегуваа и излегуваат се уште во јавноста почнувајќи од „Рекет“, почнувајќи од онаа аудиснимка која што ја слушнавме, целата македонска јавност виде дека Заев не само што знаел туку и бил дел, нема да може да се користи како доказ, истакна Јанушев.

Посочи и дека од формално-правен апсект Законот за јавно обвинителство, кој власта на Заев насила го туркаше, не помина.

Ако гледаме од формално-правен аспект законот не помина, дали е тоа за жал или за среќа, но факт е дека законот не помина и всушност го видовме она таканаречено извинување од Џафери дека е направена сериозна грешка и пропуст и каков таков законот не може да го види светлото на денот, бидејќи без разлика дали е грешката немерна или ненамерна грешката е направена, вели тој

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.