10 јануари се чини е прерано за снег, барем кога е во прашање Македонија пат. Патиштата низ државата се во хаос. Снег, сообраќајки, тотална блокада. Кај најде да паѓа во прв работен ден после продолжен викенд, после толку јадење, пиење и спиење. Па треба ли Македонија пат да се одмори од неработење?!

На патниот правец Скопје-Штип, сообраќајот се одвива отежнато, патот не е исчистен.

 

Слична е ситуацијата и кон Петровец, а во текот на денов забележани се и неколку сообраќајни несреќи.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.


АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.