Во низата решенија кои се потпишуваа ден пред Оливер Спасовски да го напушти МВР, а на негово место да дојде новиот министер од техничката влада, решение за началник на Одделението за внатрешни работи во Дебар доби Арбен Думани.

Триесетиосумгодшниот Думани е дипломиран правник, а во МВР е од 2002 година.

Во досегашнот негов ангажман тој бил заменик командир во Полициската станица од општа надлежност во Дебар, која со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа. Исто така бил командир на полициското одделение за безбедност во сообраќајот во дебарската полициска станица.

Думани е роден во Дебар.

Командир на Полициската станица од општа надлежност во Дебар останува Аргетим Војника (35), кого Советот на општина Дебар го избра во средината на јули минатата година.

Одделенито за внатрешни работи во Дебар и понатаму ќе работи во рамки на Секорот за внатрешни работи-Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.