Новинариот Александар Митовски и снимателот Борислав Стоилковиќ од порталот „Инфомакс“ вчера беа одбиени за акредитации за да ја проследат посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео во Охрид. Според вели уредникот Митовски, барањето за акредитација било одбиено од страна на МВР со објаснување дека редакцијата на „Инфомакс“ е безбедносен ризик.

На прашањето на „Република“ до Министерството за внатрешни работи за тоа зошто Митовски и „Инфомакс“ се сметаат за безбедносен ризик и по правило кој новинар би се сметал за безбедносен ризик, од таму одговараат:

Поради строгите организациски и безбедносни протоколи, како и просторните и временски ограничувања на локациите предвидени за посетата на државниот секретар Помпео, службите во Владата задолжени за организација на настанот извршија селекција на пријавените кандидати за медиумско следење на настанот, се вели во одговорот од МВР до „Република“.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.