Секако дека ми пречи што, ако бидам избрана за претседателка, ќе бидам првиот претседател на Република Северна Македонија, рече вечерва професорката Гордана Силјановска Давкова на гостување во Алфа.

Јас не сум креаторот, ниту авторот ниту сопственикот на таа кованица и затоа понекогаш токму заради решавањето на спрот со Грција на многу нетранспарентен начин, отуѓен од сите нас, на начин кој не видеше сметка за Копенхагеншките критериуми – владеење на правото, спртивен на Уставот и задолжителното право, се дојде до овој термин. Кога сте претседател, вие сте носител на функција и јас не можам да пречкртувам, да рушам, да симнувам. Меѓутоа, морам и можам да укажувам дека решението не е добро, дека навлегува во правото на самоопределување, дека има идентитска закана. Тоа не го велам само јас, туку го велат и моите грчки колеги, Армаколос вели дека ние успеавме нешто што никој не успеал во поновата историја, да го менуваме идентитетот, историскиот и политичкиот наратив на соседниот народ. Јас ќе укажувам на овие закани и по мирен пат ќе се обидам да укажам, па и да го ревидирам тоа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.