Судечкиот совет во случајот „Топлик“ ја одложи одлуката дали ќе ги прифати дополнените докази на одбраната.

Каква одлука донел судот ќе ја соопшти на рочиштето на 20 декември. Одбраната смета дека треба да се прифатат материјалните но и вебралните докази на сведоците меѓу кои се Сашо Срцев и Владимир Пешевски.

Обвинетиот Миле Јанакиески нагласува дека е неопходно да се прифатат доказите со цел да се утврди фактичката состојба и отстранување на противречностите од наодите предложени од Обвнителството и надополнувањата на одбраната, и двете од областа на геодезијата..

Затоа одбраната бара да се направи супер вештачење.

Обвинителот Бурим Рустеми пак е на став дека судот не треба да ги прифати доказите бидејќи за нив веќе имало одлука и оти од нив не произлегуваат нови околности кои би биле релевантни за докажување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.