Власта по секоја цена е решена што поскоро да има разрешница за случајот „Топлик“. Во главна улога покрај судот е и обвинителот од некогашното СЈО Бурим Рустеми.

Одбраната на обвинетите се жалат дека немаат рамноправен третман во постапката и оти судијата се става на страна на обвинителството.

Откако на едно од минатите рочишта судот ги одби сите докази на обвинетите, обвинителот Рустеми најавува дека сите дополнителни ќе бидат повторно одбиени.

Дали ќе се реализира договорот меѓу Судот и обвинителот ќе дознаеме утре во 12 часот за кога е закажано ново рочиште.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.