За влез во Словенија на државјани од трети земји, меѓу нив и наМакедонија, ќе биде потребен негативен ПЦР тест не постар од 48 часа, објави словенечката Амбасада во земјава.

Тестот треба да биде направен во референтни лаборатории во државите, а во Македонија тоа е Институтот за јавно здравје во Скопје, наведува Амбасадата.

Во соопштението на Амбасадата, објавено на Фејсбук, се додава дека важи и исклучокот без тест и карантин за влез во земјата, само со цел одржување контакт со потесни членови на семејството, а лицето се враќа во рок од 72 часа, како и за преминување на границата на деца под 14 години само доколку патуваат со потесен член на семејство кој приложил негативен тест.

Одлуката на словенечката Влада за влез на македонски државјани во државата стапува во сила од денеска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.