Словенечка „Демокрација“ пишува за случајот на уредникот на Инфомакс Александар Митовски и условната пресуда против него од две години затвор поради објавување силни индиции за вмешаноста на Зоран Заев во аферата Рекет. „Демокрација“ го прозва претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите Харлем Десир зошто не реагира за овој скандалозен случај на замолување на критичките медуими.

– Десир објави дека ќе го следи судскиот процес против Митовски. Но, откако ноинарот беше осуден, Десир ниту коментира ниту реагира, иако тоа е во надлежност на функцијата која ја извршува, пишува „Демокрација“.

Во септември, кога Митовски беше обвинет за „оддавење службена тајна“, откако Инфомакс објави извадоци од сведоштвото на Орце Камчев во случајот Рекет, претставникот на ОБСЕ рече дека ќе го следи случајот. „Внимателно го следам случајот на Александар Митовски, уредник на Инфомакс, кој е обвинет за објавување доверливи документи во ‘Северна’ Македонија“, најави Десир во септември 2019 година. Митовски беше осуден во март, но Десир го нема да се произнесе за случајот. „Демокрација“ пишува дека судењето на Митовски беше само еден пример на нападите кои партијата на Зоран Заев СДСМ ги врши врз медиумите, користејќи ги механизмите на власта. Дента кога Митовски беше обвинет, беше извршен полициски упад во Нетпрес, кој исто така објави податоци за вмешаноста на генералниот секретар на Владата Драги Рашковски во скандалозната набавка на опрема за М-НАВ, потсетува „Демокрација“.

Десир, кој на функцијата во ОБСЕ дојде како висок функционер на француската Социјалистичка Партија, деновиве е актуелен во Словенија со обвинувањата против новоформираната Влада на Јанез Јанша дека врши притисоци врз медиумите. „Демокрација“ посочува дека тој целосно ги игнорирал притисоците врз медиумите во Словенија кога жртви се медиуми со десна ориентација, посочувајќи ги своите бројни повици до Десир да го осуди притисокот на поранешните словенечки власти врз компаниите кои се рекламирале во медиуми како „Демокрација“. Според неделникот, јасно е дека Десир ја политизира својата улога и задачата на ОБСЕ, и реагира само против десно ориентирани влади, додека владите предводени од социјалистички партии можат слободно да ги напаѓаат медуимите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.