Советникот во Општина Охрид од ДУИ Нефи Усеини го натепал професорот Иљаз Иљази од Штуловиот универзитет – причината била див приклучок на водоводната мрежа каде е поврзана зградата, чиј претседател на куќниот совет е Иљази.

Иљази го пријавил случајот, а од МВР потврдија за Република дека Усеини е повикан на распит и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Денес 29 јули во 10 часотимав физички напад од Нефи Усеини, советник во општина Охрид. Без бико каква причина ме нападна и со тупаници ми нанесе повреди. Не го познавам Усеини, ниту сум имал досега било каква работа со него. Дојдов на одмор во Охрид, во свој стан, претседател сум на советот на станари во зградата. Тој се поставил како моќник. Моќникот Усеини ни ја земал водата на диво, о наш приклучок и ги загрозува нашите основни човекови права.

Случајот го пријавив во полиција, дадов и лекарско уверение за повредите. Проблемот е што ми се закануваше со убиство пред сведоци. Побарав заштита од полицијата и да се покрене кривична постапка против советникот во Општина Охрид.

Јас сум електроинженер по струка, стар 60 години, предавам на Штулов универзитет и во животот не сум имал ниту една слична ситуација. Барав прием кај градоначалникот на Охрид, но не успеав да се сретнам, имале скратено работно време, стои во изјавата на професорот Иљази.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.