Ако ме прашувате каква иднина нè чека, оваа влада нема иднина и ќе падне пред завршетокот на својот мандат на граѓански протести, рече на денешната прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, додавајќи дека секој мора да биде свесен дека нема брзи победи против ова зло, туку долга битка за слобода и правдини и европска иднина.

Затоа што Македонија нема европска иднина со мафијашка коалиција, затоа што земјоделците кои сега не ги ни спомнуваат нема да го добијат потребното, затоа што сиромаштијата ќе се зголемува, затоа што младите ќе продолжат да си одат од земјата, затоа што квалитетот не се цени.

Како ќе се однесува ВМРО? Со жестока критика на страна на народот, со организирани масовни граѓани протести, бидејќи ова не е само моја битка туку на народот против неодговорната и криминална влада, порача Мицкоски.

Мицкоски одговори на сите прашања поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, како и иницијативите од поранешните членови, кои според Мицкоски, одат во корист само на СДСМ и Зоран Заев.

Јас немам намера да си поднесам оставка за да му помогнам на СДСМ и Заев. Ваквите теми само одат во прилог на оние против кого се бориме. И додека сум жив а доколку тоа не сум има план Б и план В ќе се борам против оние кои му служат исклучиво нему на Зоран Зае за да си го заштитат својот криминал, порача Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.