Министерот Никола Димитров во текот на следната недела ќе се обрати во македонското Собрание. Согласно чл.6 од Законот за надворешни работи министерот за надворешни работи има обврска да се обрати пред Комисијата за надворешна политика во Собранието најмалку два пати во годината.

После Бриселскиот неуспех за добивање на датумот, кој Димитров и Заев го прославија уште лани, македонските граѓани и нивните претставници во Собранието имаат право да ги чујат објаснувањата на министерот, а тој има обврска да го испочитува Законот. За ова обраќање на Димитров во Собранието очекувам голем интерес и кај пратениците и кај јавноста. А после тоа веројатно и уште една интерпелација за МНР Димитров, ова на својот фејсбук профил го напиша пратеникот Антонио Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.