ВМРО-ДПМНЕ денеска во 18 часот масовно со народот излезе на улица. Од партијата истакнуваат дека ќе се маршира против неправдата, за да се упати порака за почитување на правдата и да се спротистави на кршењето на Уставот и законите.

Маршот започна во 18 часот од Обвинителството на Кејот на Вардар до Врховниот суд.

Оваа држава која почива на правдата, на нашата борба за независност и слобода, на почитувањата на правото, во која Македонците се борат за своите правдини, мора да се спротивстави на ваквото брутално кршење на законите и Уставот. Тоа е наша обврска, наша должност, но и наша задача, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.