Ако Бисера и Мирослав сториле кривично дело, тогаш опозицијата ги поттикна да го сторат тоа, вели пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска, коментирајќи ги најавените кривични пријави кон заболените пратеници, Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ и Мирослав Богдановски од ДОМ, кои влегоа во Собранието по скафандери од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Колегите од опозицијата кои најавуваат кривични пријави за колегите Бисера и Мирослав, еве да ги потсетам, дека согласно Кривичниот законик треба да си поднесат кривични пријави и за себе и за нивните сојузници од Левица.
Со блокирањето на измените на Деловникот, тие оневозможија онлајн работење на Собранието.
Или да им преведам, ако Бисера и Мирослав сториле кривично дело, тогаш тие ги поттикнале да го сторат тоа, напиша таа на „Твитер“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.