Славјанка Петреска е нова пратеничка во Собранието, а на оваа позиција доаѓа на местото на Оливер Спасовски, кој поднесе оставка од пратеничката функција поради тоа што е предложен за министер за внатрешни работи.

Петровска му беше шеф на кабинет на Спасовски додека беше министер за внатрешни работи, а во пржинската влада таа стана дополнителен заменик-министер за внатрешни работи.

Собранието продолжува со работа со констатирање на оставките и на останатите пратеници кои треба да бидат дел од извршната власт, а последна што досега е констатирана е оставката на Мила Царовска, која треба да биде министерка за образование.

Претходно беа констатирани оставките на Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Љупчо Николовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.