Ако во МВР се јави проблем, обвинете го Ѓоко Поповски.

Поранешниот заменик-министер за внатрешни работи, обвинет во случаите „300“ и „Тенк“ на СЈО, овојпат е мета на дополнителната заменичка-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска. Во обид да го заштити Оливер Спасовски за набавката на 3000 чифта чизми за полицијата кои не ги задоволуваат стандардите, Петровска го впери прстот кон Поповски, кој во времето кога се набавени спорните чизми воопшто не бил на функција, а не бил ниту на работа, туку на боледување. Притоа, Петровска го злоупотребува сајтот на МВР за објавување строго патиски соопштенија на СДСМ.

Постапката за спроведување на набавка на високи специјални чизми за полицијата била водена од поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски. Во истиот тој период била донесена одлука за спроведување јавна набавка на 3000 полициски чизми во вредност од 15 милиони денари, бил објавен оглас за неа, била донесена Одлука за избор на најповолен понудувач од трите доспеани понуди и на 17 април 2016 година бил склучен Договор за набавка со избраниот понудувач. Со тој договор МВР прифати права и обврски кои произлегуваат од него, стои во реакцијата на дополнителната заменик-министерка за внатреши работи Славјанка Петровска на прес-конференција на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

Чулев истакна дека постојат индиции за злоупотреба на службена положба во постапки поврзани со јавна набавка на три илјади пара полициски чизми од фирмата „Пинко Кирил“ ДООЕЛ, во вредност од 15 милиони денари, за кои две акредитирани лаборатории констатирале дека не ги задоволуваат барањата од техничката спецификација на МВР. Целата постапка за јавната набавка на чизми за полициските службеници, според Чулев, е направена во времето на поранешниот министер, а сега технички премиер Оливер Спасовски.

Она што го нагласи Чулев, а го превиде Петровска е дека тогашниот помошник-министер (Ѓоко Поповски, н.з.) му доставил информација на Спасовски за целата постапка во која биле наведени пропустите, по што претходниот министер за внатрешни работи, сепак, дал насока договорот да не биде раскинат и чизмите да бидат испорачани.

Текот на постапката преку грбот на Поповски води до Спасовски

МВР спроведува постапка за јавна набавка на 3000 чифта исоки специјални чизми. На отворената постапка се пријавиле 4 понудувачи, од кои понудите на 3 понудували биле отфрлени поради тоа што не ги исполнувале критериумите од тендерската документација, а понудата на „Пинко Кирил“ д.о.о.е.л. била избрана како најповолна. За изборот бил склучен договор за јавна набавка според условите од понудата.

Според процедурите во МВР, пред секоја испорака се врши контрола на квалитетот на стоките кои се предмет на договор. Така, стручната служба на МВР земала мостри од чизмите и ги дала на испитување, при што било утврдено дека чизмите не ги задоволуваат условите за квалитет. Наодот бил заведен во записник на стручната служба, која меѓу другото се произнела дека не дозволува прием на чизмите бидејќи отстапуваат во 4 дела од барањата во тендерската документација.

Поповски за ова го информирал Спасовски, кој сепак, дал насока договорот да не се раскинува и чизмите да се испорачаат од Бугарија, како што објасни на прес-конференцијата Чулев.

Во 2017 година, кога Ѓоко Поповски не ја извршува функцијата помошник-министер за внатрешни работи и е цела година на боледување, по извршена анализа од други одговорни лица во МВР, од некои причини со писмена инфирмација со предлог било наложено чизмите да се примат во МВР. За целата постапка во МВР постои документација.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.