Солза Грчева од Глас за Македонија ја коментира изјавата на министерката за одбрана Славнака Петровска дека ќе правела сојуз за зањдничка безбедност со Косово и Албанија. Македонија ќе го обучувала косовските војници.

Генералицана Славјанка ќе правела сојуз за заедничка безбедност со Косово и Албанија. Згора на тоа ние, ние кои не оставија без еден авион и тенк, ќе сме ги обучувале Косоварите.
Ќор фишеку од министерке!
Зарем не знаеш дека тие можат да те обучуваат, тие се тренирани со години од НАТО да се борат против нас и против Србите? Против Словените?
И кој ќе ни ја загрозува “заедничката безбедност”? Србите со кои не скаравте, Русите кои ни признаа се живо, а вие слугинчиња кусогледи не направивте “непријателска држава”?
Вие и ти ли бре недоветна послушничке, смеете да го изолирате македонскиот народ од сите пријатели? Кој ви го дозволил тоа, акмаци???
Продадовте се. Да не ме читаат студенти, сочно ќе ве опсуев. Ама сочно!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.