Најдобро ќе беше премиерот Заев да ја поднесеше оставката наредниот ден по нејзиното објавување со што македонските граѓани би биле поштедени од политички драми., вели поранешниот министер за финансии и член на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески во емисијата „24 анализа“.

Според него, во четврток ќе се потврди интерпелацијата на владата.

Мнозинството на хартија со кое опозициските партии денес ја поднесоа иницијативата за гласање на недоверба на владата ќе се потврди во четврток. Опозициските албански партии ќе си го потврдат својот заклучок и сознание дека сега им е единствената историска шанса да помогнат во развластувањето на ДУИ. Тоа е надеж за сите да можат да просперираат како партии и да дојдат до практицирање на власта, а тоа може да се случи многу брзо за нив, појаснува Славески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.