ВМРО-ДПМНЕ одамна кажа дека ќе направи се за да се реализира петтиот пакет мерки. Има индустрии кои се многу погодени и треба се размислува и за дополнителна помош во некои индустрии како текстилната, рече професор Трајко Славески, член на Извршниот комитет на ВМРО- ДПМНЕ на гостувањето во централниот Дневник на телевизија Сител.

„Секогаш треба да ја гледаме локомотивата а тоа се извозно ориентираните сектори. Требаше многу посериозна стратегија не само за економијата туку и за здарвството. Се беше водено од политиката гледано низ призма на избори, на попис“, рече Славески.

Според Славески, министерот за здравство Филипче треба да го следи примерот на австрискиот колега.

„Тој треба да замине од функцијата, а на негово место да дојде нова посвежа личност, затоа што се направени огромни грешки досега“, рече Славески.

Се осврна и на концептот на прогресивен данок.

„Владејачката СДСМ која го форсираше концептот на прогресивен данок и нивната анализа покажа дека не само што немало позитивни, туку имало и негативни ефекти. Многу непромислено ако се мисли пак на ваков концепт, треба да се размислува на пример за намалување на сива економија, има простор за тоа“, рече Славески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.