Слаб интерес за гласање за нов претседател на СДСМ. До 11 часот гласале само 12 проценти од пријавените. Од изутрина од центалата на СДСМ им се јавуват на членовите и ги потсетуваат да не заборават да гласаат. За оние кои немаат превоз СДСМ им нуди да ги земе од нивните домови и да ги врати.

На минатите внатрепартиски избори кои се одржаа во март годинава, регистрирани беа вкупно  68.999 членови. Ова значи дека за овие избори се регистрирале 17.771 членови помалку во споредба со минатите избори.

Гласањето на овие вонредни избори на 12 декември ќе се одвива на 194 избирачки места низ општинските организации на СДСМ ширум државата, почнувајќи од 08.00 часот наутро, се до 19.00 часот попланде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.