Министерот за здравство Венко Филипче посочи дека зголемувањето на полицискиот час и скртување на работата на угостителските објекти е следно можно сценарио.

Следната недела ќе се прави нова евалуација. Денеска бројката на заразени од ковид -19 е под 1000 случаи и сметаме дека тоа се должи на веќе донесените рестриктивнии мерки, изјави тој.

На новинарско прашање како ќе го натера неселението да се вакцинира со вакцината на АстраЗенека , по последните истражувања од анкетата на Брима според која дури 36 отсто од македонските граѓани не сакаат да се вакцинираат , а ја бараат вакцината на компанијата „Фајзер“, министерот посочи дека сите вакцини што пристигнуваат во Македонија се безбедни и нема причина за загриженост.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.