Скопскиот кривичен суд ќе врши проверки дали записникот од сведочењето на бизнисменот Јордан Камчев за случајот „Рекет“, чија прва страница „протече“ во медиумите, воопшто дошол до оваа институција. Така вели претседателот на скопска единица Иван Џолев.

Судот, утре, ќе направи интерни проверки и само ќе утврдиме дали воошто во судскиот предмет сме го имале или не спорниот записник, изјави Иван Џолев- претседател на Основен суд Скопје 1 за „Алсат М“.

Обвинителката Русковска ја потврди веродостојноста на сликата од објавениот записник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.