Состојбата со Ковид-19 во државата засега останува стабилна. Вчера беа регистрирани 16 оздравени лица, а вакцинирањето се одвива непречено на сите пунктови во државата. Во тек е и пријавување за вакцинирање во домашни услови.

Најмногу активни случаи има во Скопје – 108, а на територија на државата вкупно 300.

Во статистиката на Министерството за здравство за претходното деноноќие вчера беа регистрирани нови десет заболени од Ковид-19, од кои седум во Скопје и по еден во Прилеп, Тетово и Струга, како и две починати лица.

Според податоците на МЗ, досега се дијагностицирани 156 086 Ковид-пациенти, оздравеле 150 295, а починале 5 491 лице.. Досега во земјата се направени вкупно 955.617 тестирања на Ковид-19.

Од ресорното Министерство секојдневно упатуваат апел до граѓаните да се вакцинираат, бидејќи тоа е најефикасниот начин да се спречи ширењето на вирусот.

Освен вакцинацијата која се одвива во пунктовите низ државата, истовремено продолжува и теренската вакцинација, и тоа денеска на 31 населено место

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.