Се чини дека повторно ќе соборуваме рекорди по загаденост.

Mерните станици кои го мерат загадувањето во Македонија вечерва покажуваат алармантно ниво на загаденост. Загаденоста на воздухот исклучително висока вечерва е во Кавадарци каде се измерени 470 µg/m3 ПМ10 честички.

Високо ниво на загаденост вечерва има и во Скопје, каде мерните станици во Лисиче измериле загаденост од 362 µg/m3 ПМ10 честички, а скопјани по социјалните мрежи се жалат на лоша миризба низ Карпош и Центар.

Многу загадено е и во Куманово каде се измерени 294 µg/m3 и Килево со високи 191 µg/m3.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.