Главниот град на Србија, Белград утрово е на прво место по загаденост на воздухот во светот.

Според мерењата објавени на „Ер Визуал“ утрово воздухот во Белград е двојно позагаден од главниот град на Украина, Киев и покрај тоа што има помалку автомобили на улиците, а вчера дуваше и силен ветер, индексите на загаденост се многу високи.

Потоа следат Загреб, Познањ и Осака, а Скопје е на 20 место.

Загаденоста на воздухот во Белград ја потврдија и локалните власти.

Сериозни здравствени проблеми можат да се очекуваат и кај здравите лица и кај чувствителните групи на популацијата, се наведува во соопштението од Град Белград и од Градскиот завод за јавно здравје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.