Откако во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 392 нови заразени од 4.633 тестирања, со што вкупниот број на заразени се искачи на 189.551 случаи. Починати се 6.577 пациенти, а бројот на активни случаи изнесува 12.240.

Според епидемиолошки анализи во моментов, во Скопје има најмногу активни и тоа 5.689. Следува Куманово со 967, Тетово – 945, Охрид – 502, Гостивар – 490, Кичево – 417, Струга – 364, Велес – 312, Струмица – 310, Прилеп – 304. Во другите градови се помалку од 300, а во Дојран само еден позитивен на Ковид-19.

Целосно се вакцинирани над 714 илјади граѓани. Заклучно со завчера вакцинирани се 781.623 граѓани, а ревакцинирани 714.135, односно аплицирани се вкупно 1.495.762 дози. Прва доза вакцина завчера примиле 1.717 , а вкупно се вакцинирале 6897 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Со последните бројки, барем една доза вакцина имаат примено 55 отсто од населението над 40 години и 31 отсто од населението од 18 до 39 години.

Министерството потсетува дека за вакцинирање на пунктовите не е потребно закажан термин, а децата од 12 до 18 години се вакцинираат со согласност од родител.

Во светот досега се заразиле со корона вирусот 232 милиони луѓе, а починале над 4,7 милиони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.