Скендер Реџепи од Алтернатива вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 беше прашан и за можна коалиција на локалните избори кои ќе се одржат во втората половина од октомври годинава.

Тој рече дека коалицијата АА-ААА во првиот круг ќе излезе сама, а во вториот круг ќе го разгледат заедничкиот интерес на изборната програма.

Врз основа на разговорите во првиот круг, нема да има коалиција со други политички субјекти, не е донесена конечна одлука.

Зборуваме за првиот круг, коалицијата АА-ААА ќе излезе сама, се уште не е донесена конечна одлука но врз основа на разговорите кои ги имавме во рамките на парламентарната група и заедничките партиски органи, е сами да излеземе во првиот круг, а во вториот круг ќе го разгледаме заедничкиот интерес на изборната програма, истакна Скендер Реџепи од Алтернатива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.