ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува антисемитските напади инструирани од СДСМ врз првата министерка во Република Македонија со еврејско потекло Рашела Мизрахи.

Ваквиот говор на омраза и нападите на СДСМ покажуваат дека деспотот Заев губи контрола и истите се последица на поразот кој им престои. Нападите и личната дисфалификација и припадност се круната на недемократското владеење на Заев кој паѓа. Секој ден за Заев е борба за да си го заштити криминалот. Тоа што владините советници на Заев поддржуваат антисемитизам е доказ за антиевропската влада на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата бараат СДСМ јавно да се огради, да ги осуди и да се извини за антисемитските напади врз Рашела Мизрахи и стимулирањето на политика на поделби.

Ваквиот говор на омраза не враќа на почетокот на 20 век, наместо да не носи кон европските стандарди и правила, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.