По цела година политичко пазарење, Судскиот совет денеска го направи најскандалозниот избор за судии во Апелациониот суд во Скопје. Од шесте избрани судии, барем 5 не требаше да бидат избрани, објави „Сведок“.

Според пишувањата на порталот, На 9 февруари лани Советот распишал оглас за шест судии, од кои, тројца за кривично, двајца за граѓанско одделение и еден за стопанско. Изборот бил неколку пати одложуван, бидејќи крилото на Зоран Заев во СДСМ по секоја цена барал струмичка судијка да дојде во Скопје, наспроти скопското, кое имало друг фаворит за слободното место во стопанскиот дел.

Па така, за судии во кривично избрани се: Лидија Зимбовска, Ѓоко Ристов и јусуф Ајрулаху, судии на скопска единица. За да биде скандалот поголем, судски иако формираше листи на пријавени судии Македонци и друга листа со припадници на националности, не избра ниту еден кој беше на врвот на листата според покажани резултати од работата (и тоа редослед што го прави Комисија на Судски совет), туку исполнуваше желби, влечејќи ги кандидатите од дното на листите.

Целиот текст прочитајте го тука.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.