Документи од МВР на кои се прикажува како министерството го прикривало тепањето на лицето Сенат Јашар од страна на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш објави денеска порталот Економски Лидер.

Како што јавува Лидер, свиркачи ја доставиле пријавата која Јашар ја направил на 01.05.2018, во која објаснува дека бил тепан од градоначалникот Курто Дудуш. Неговиот исказ бил заведен како “Пријава” а истиот го потпишал полицискиот службеник Панџаковски Даме.

Но, подоцна, истата пријава, била заведена како “Поплака”, форма по која МВР има можност да не реагира. Неа ја потпишал, полицискиот службеник, полицискиот службеник Волковски Љупчо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.