На социјална мрежа, економскиот директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за Гинекологија и Акушерство, Валон Беља се пофали дека за месец јануари се родени предвремено 59 бебиња.

Валон Беља напиша:

Почитувани, во текот на месец јануари 2019 година имавме 59 предвремено родени бебиња. Иако нашиот капацитет за овие деца е 23, тимот во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство успешно ги третираше сите деца. Значи, удвојувањето на работа не е причина да не се служи или да се грижи за бебињата. Затоа овој тим е многу успешен. Едноставно, не се жалиме, работиме“.

Наместо со ова да се фали по социјалните мрежи треба да се алармира зошто предвремено се раѓаат деца, бидејќи тоа не е здраво за општеството. Кои се самите причини кои доведуваат до оваа состојба за да во еден месец се родат 59 бебиња предвреме.

Да потсетиме дека овој економски директор Беља беше член на невладината организација „Реалитети“, а во 2010 година ја основа партијата „Албански сојуз“.

Партијата подоцна се припои кон ДПА на Мендух Тачи, каде Беља беше потпретседател. Набрзо избија несогласувања помеѓу него и Тачи и лидерот на ДПА го исклучи од партијата. Беља пак бараше смена на Тачи од лидерската позиција.

И пред одредено време истиот директор беше нападнат во општина Чаир, односно беше ранет, за што се уште не се знае како дојде до овој инцидент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.