Катица на пресот изјави дека ова и го правеле заради десетте нови истраги кои ќе ги обелоденела за кратко време. Кои нови истраги црна Катице! Ти и СЈО немате никакво законско право да водите истраги, ниту да покренувате нови обвиненија! Не смеете ни да трошите државни пари за нови истраги, оти и за нив ќе одговарате! Вие сте како паштета со поминат рок од 18 месеци, а рокот измина уште средината на 2017-та! А знаеме како смрди ако се обидеме да отвориме расипана паштета со поминат рок! Еве, сите ја осеќаме реата – вака бизнисменот и граѓански активист Роберт Милески ја искоментира денешната прес-конференција на Катица Јанева, специјалната јавна обвинителка во оставка. Нејзиното име се врзува со аферата Рекет, за која веќе во притвор се Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.