За Орце Камчев, Цветан Панделевски и останатите обвинети во случајот „Империја“ е побарано мерката притвор да биде заменета со поблага мерка односно домашен притвор, потврдија за МИА од Специјалното јавно обвинителство.

Оттаму велат дека за Сашо Мијалков, кој исто така е обвинет во случајот „Империја“ сѐ уште нема дадено мислење.

Предлогот за преиначување на мерката од страна на СЈО е поднесен вчера.

За причините во интерес на истрагата не можеме да дадеме дополнителни информации, но може да се нагласи дека во случајот „Империја“ најважни се материјалните докази кои во оваа фаза успешно се прибавени, нагласуваат од СЈО за МИА.

Освен за обвинетите во „Империја“, побарано е да се замени и мерката притвор во домашен притвор за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.