Истрагата за случајот „Поштенска банка“, за која обвинителката Лиле Стефанова во вчерашната изјава тврди дека нејзината шефица Катица Јанева барала да се затвори само со паричен надомест за државата и без затворски казни, се однесува на кривичното дело перење пари и други приноси. Меѓу осомничените е бизнисменот Томе Главчев – сопственик на „НОЕЛ Гевгелија“ и други фирми, пишува „360 степени“.

Како што објавува „360 степени“ две ипол недели по обелоденувањето на истрагата (13 октомври 2018 г.), за фирмата на Главчев осамна пи-ар текст на сајтот на телевизијата „1“ ,(29 октомври 2018 г.) во кој е прикажана како успешна македонска бизнис-приказна. Во пропагандниот текст, кој се уште е достапен на интернет-страницата, се вели и дека Главчев е исклучителен пример за успех во бизнисот и дека имал активна свест за општествена одговорност.

Во изминатите месеци на „1 тв“ редовно се емитуваше и реклама за „Ноел“ Гевгелија, позната по производство на кошули. Дел од медиумите објавуваа дека Главчев е меѓу бизнисмените кои дале исказ во Обвинителство за случајот „Рекет“, но официјална потврда оттаму нема.

Целиот текст прочитајте го тука. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.