Специјалното јавно обвинителство одговори позитивно и на барањата на обвинетиот поранешен министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и на поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски мерката притвор да им се замени со куќен притвор. Ваквото мислење е испратено до судот од каде треба да се донесе одлука за предлогот на обвинетите.

Јанакиески и Божиновски се осомничени во предметот на СЈО „Титаник“, а останатите обвинети за кое е побарана замена на мерката притвор во куќен притвор е осомничени во „Империја“.

Освен Божиновски и Јанакиески, позитивно мислење од СЈО добија бизнисменот Јордан Камчев, неговите соработници Ненад Јосифовиќ и Зорица Арсовска, Цветан Панделески, директорот на комбинатот „Пелагонија” и Тодор Мирчевски, директорот на компанијата „Ексико”, осомничени во случајот „Империја”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.