Дали специјалната обвинителка Катица Јанева му овозможила на сега веќе разрешениот директор на МЕПСО Сашо Василевски да купи стан на атрактивна локација во Скопје по багателна цена? Оваа дилема се појави откако порталот а1.он објави истражување кое покажало дека станот од 109 метри квадратни бил купен за само 80.000 евра од фирмата “Бентон Дооел” од Гевеглија, сопственост на Томе Главчев, осомничен во случајот на СЈО, Поштенска Банка, а зделката била склучена 17 дена по отворањето на истрагата.

Во текстот, чиј автор е новинарот Васко Маглешов стои дека Катица Јанева, која важи за близок човек на Василевски, кажала тој стан да не биде замрзнат, бидејќи наводно бил проблематичен.

“ Ние не тврдиме ништо, само потенцираме дека има сомнителни факти кои што се во овој случај изложени однсоно дека кореспондира незамрзнувањето на станот на осомниченото физичко и правно лице во овој случај со купувањето на станот. Дали е тоа случајно или не, претопставувам дека има органи на прогон што тоа можат да го утврдат. – вели во изјава дадена за Канал 5 новинарот Васко Маглешов.

Маглешов дополнително открил дека дополнително спорно е што и самиот нотар каде што бил заверен купопродажниот договор ја алармирал Управата за финансиско разузнавање, откако се посомневале во ниската цена, но Управата не нашла ништо спорно во договорот.

Клучното прашање кое треба да го одговори СЈО сега е зошто кога била отворена истрагата за Поштенска Банка не бил замрзнат и овој стан..

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.