Претседателката на Лекарската комора на Македонија Калина Гривчева Старделова организира луксузни приеми во хотели наместо да ги извршува своите обврски, меѓу кои да се грижи за лекарската фела, револтирано коментираат лекарите.

Лекарите се незадоволни од начинот на кој работи Комората под актуелното раководство. Исто така, посебно ги револтира агресовноста со која периодов истото тоа раководство на чело со директорката на Клиниката за гастроентерохепатологија Калина Гривчева Стаределова, која воедно противзаконски е и претседателка на Лекарската комора, спроведува изборна кампања за реизбор за ново раководство на Лекарската комора.

Докторката од Инфективната клиника, Жаклина Шопова, вчера реагираше на организацијата на, како што напиша, луксузниот прием.

Во момент кога здравството е во многу лоша ситуација, кога медицинските лица ја напуштаат земјата, а граѓаните да не можат да добијат навремена медицинска грижа, невкусно е претседателката на Комората да организира луксузен прием по повод 30 години од основањето на Комората, коментираат од лекарската фела во изјава за Република.

Но, не се само лекарите сведоци на лошите услови во здравството. Колегите за кои Старделова организира луксузни примени работат во супстандардни услови.

Невкусно е колегите кои немаат тоалет на работа и и го минуваат денот трчајќи со кофи по ходниците и собите кога врне, за една вечер да ги пикнете во најлуксузниот хотел во Скопје и да мислите дека сте завршиле работа, сте им ја подобриле ситуацијата. Тоа револтира. Особено ги понижува лекарите од внатрешноста на земјата, бидејќи во тие болници ситуацијата е полоша отколку во Скопје, коментира лекар за Република.

Наскоро Лекарската комора треба да добие ново раководство, но старото, во кое е меѓу другите и контроверзниот струшки гинеколог Асани, не сака да си замине.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.