Професорката Мирјана Најчевска го анализира членот 11 од Договорот за добрососедство со Бугарија:

1.Ниту една од Договорните страни нема да презема, поттикнува и поддржува дејствија, насочени против другата земја, кои имаат непријателски карактер.
******
Може да се постави прашање дали спречувањето на влезот на Македонија во ЕУ е непријателски акт.
********

2.Ниту една од Договорните страни нема да дозволи нејзината територија да биде искористена против другата од организации и групи, кои имаат за цел извршување на субверзивни,
сепаратистички дејствија и дејствија кои се закана за мирот и безбедноста на другата Договорна страна.
*********
Може да се постави прашањето дали делувањето на Каркачанов и на Џамбаски може да се подведе под оваа одредба.
*********

3.Двете Договорни страни немаат и нема да пројавуваат територијални претензии една спрема друга.
********
Може да се постави прашањето дали фразата дека станува збор за еден народ во две држави и наводно ослободителниот карактер на бугарската војска во Втората светска војна може да се подведат под оваа одредба.
********

4.Секоја од Договорните страни има право да ги заштитува правата и интересите на своите државјани, на територијата на другата Договорна страна, во согласност со меѓународното право.
*****
Ова се однесува на сите оние кои имаат државјанство на другата страна (и оние со двојно државјанство).
*****

5.Република Македонија потврдува дека ништо од нејзиниот Устав не може и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на Република Бугарија, со цел заштита на статусот и правата на лица, кои не се државјани на Република
Македонија.
*****
Ова е непримерна одредба со која се дебалансира договорот и мора да биде под итно променета.
*****

6.Двете Договорни страни ќе преземаат ефикасни мерки за спречување на недобронамерна пропаганда од страна на институции и агенции и ќе обесхрабруваат дејности на приватни субјекти, насочени кон поттикнување на насилство, омраза или други слични дејствија, кои би им наштетиле
на нивните односи.
*****
Може да се постави прашањето што има направено власта во Бугарија во однос на зголеменото присуство на настапи на официјални лица кои може да се подведат под оваа одредба.
*****

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.