Во секоја книга пишува дека без квалификувана, стручна, компетентна и посветена на граѓаните државна и јавна администрација не успеала ниту една реформа, рече вечерва од Бутел кандидатот за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова, додавајќи дека администрацијата е најважната гранка и костурот во секоја држава.

Многу би сакала како во Естонија да направиме една експертска комисија, која ќе ги подведе сите државни и јавни службеници на полагање на државен испит, па да видите кој е квалификуван и кој е стручен во нашата администрација. Таму има прекрасни луѓе, кој го носат товарот, но најголемиот дел од нововработените се нивните војници, послушници, луѓе кои завземаат места, а не работат, кои ги трошат народните пари, војска за гласање…, рече Силјановска Давкова.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.