Враќање на достоинството на полицијата е мотото под кое Независниот синдикат на полиција денес го одржува вториот протест. Низ цела Македонија се блокираат раскрсници, а со протестот сакаат да ги алармираат надлежните за лошите услови за работа на полицајците и на затворската полиција.

Нашите барања се повисока плата за 25 отсто, почнувајќи од месец октомври 2019, Колективен договор во Шумска и Затворската полиција. Бараме повисока плата оти месечниот пораст на трошоците за живот изнесува над 5% во последните три месеци и други барања – истакнаа на протестот во понеделникот од Независниот синдикат.

Од синдикатот нагласуваат дека не се борат за лични интереси, туку за повисоки плати на сите. Тие добија поддршка од претставници на синдикатите од Словенија, Србија, Романија и Бугарија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.