Додека сите чекаат специјалната јавна обвинителка Катица Јанева да биде спроведена во Кривичниот суд, таа со полициско возило е вратена во нејзиниот дом во Козле.

Откако во СЈО беше запленет компјутер, полицијата ја врати во Козле. Претходно ОЈО објави дека бара 30 дневен притвор за обвинителката. Но нејзиното враќање дома ги збуни сите. Јавноста очекуваше нејзино сослушување, и евентуално спроведување во истражниот затвор Шутка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.